Танасоски: Кадрите на Груевски ги оставија охриѓани без вода, ќе има ревизија и одговорност!

Од осамостојувањето до денес, граѓаните на Охрид за прв пат останаа без вода за пиење.

За време на 4 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со градоначалникот Бакрачески, во Охрид најлошо се живее.

За ВМРО-ДПМНЕ граѓаните не се важни.

Општина Охрид се повеќе се задолжува, за што јасно говорат и последните извештаи на Јавните претпријатија во Охрид. Ветените проекти останаа нереализирани.

Во 21 век и тоа се случи. Охриѓани да живеат покрај вода, а да останат без вода за пиење.

Сето ова е резултат на расипничкото и недомаќинско работење на директорот на Проаква и послушник на обвинетиот Никола Груевски, Томе Паскалоски.

Додека Проаква работи со загуба од 500 илјади евра, директорот Паскалоски, минатата година си ја зголеми својата плата за 10 илјди денари.

Доста беше. На криминалното и неодговорно однесување ќе му дојде крај.

По демократските промени, сите јавни комунални претпријатија ќе подлежат на финансиска анализа и секој што го прекршил законот ќе одговара.

СДСМ има решенија како јавните претпријатија во Охрид да не бидат повеќе загубари, како сите вработени во овие претпријатија да останат на работа и редовно да земаат плата, па дури и да се зголеми бројот на вработени.

Граѓаните се важни, секој е важен. – изјави Ѓоко Танасоски, член на Извршен Одбор на СДСМ.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e