Таксист вечерва е пронајден мртов под Железничката станица во Скопје, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР го потврдуваат настанот и велат дека станува збор за 58-годишно лице.
По извршениот увид е констатирано дека нема траги на насилство кај починатиот такси возач.
