Тачи: Груевски и Ахмети се договорени за Влада, Алијанса ќе ги поддржи

Никола Груевски и Али Ахмети се договориле за Влада и тоа е единствената вистина, рече лидерот на ДПА во оставка, Мендух Тачи. Тој рече дека Ахмети побарал поддршка на таа Влада од Алијансата за Албанците, а договорен бил и претседател на Собранието Албанец.

Тој ги отфрли шпекулациите дека дал поддршка на Ахмети и рече дека од него побарал оставка поради катастрофалниот резултат.

Тачи додаде дека нема да даде поддршка на ниту една Влада и дека во секој случај ќе остане опозиционер и кажа дека имал неформални средби со сите освен со Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e