Македонката економија годинава ќе забележи расте од 2,9 отсто, наредната 3,2 отсто, додека во 2020 година од 3,3 отсто, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај. Македонија ја завршува 2018 година, според проценките на Баната, со раст на економијата од 2,5 отсто.
Прогнозата не е оптимистична – македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот. Највисок раст ќе забележи економијата на Косово од 4,5 отсто. Под четири отсто раст ќе забележат економиите на Албанија (3,6), на Србија (3,5 отсто), Босна и Херцеговина (3,4 отсто) Црна Гора од 2,8 отсто.
Бугарската економија годинава ќе има раст од 3,1 отсто, додека на Хрватска 2,8 отсто.
Глобалната економија, пак, ќе забележи раст од 2,9 отсто во 2019 година и од 2,8 отсто во 2020 и 2021 година.
Еврозоната годинава ќе забележи раст од 1,6 отсто додека во наредните две години ќе порасне за 1,5 и 1,3 отсто.
