Судијката Дијана Груевска Илиевска, која го суди предметот „Поткуп“ против лидерот на СДСМ, направи таков театар и безобразно кршење на законот, што ги остави без збор сите кои го следеа судењето, прашувајќи се: ако вака се однесува судија и не се плаши од разрешување, тогаш, што да речат другите кои очекуваат правична примена на законот и почитување на човековите слободи и права, пишува порталот Сведок.
Дијана Груевска на крај, по хаосот што го создаде, избега од судница, оставајќи ги сите во недоумица што одлука донесе. По неа, си заминаа сите, оставајќи ја веројатно сама, во празна судница да суди по 15 часот, ако тоа е дел од донесената одлука што никој не ја разбра.
Судењето за „Поткуп“ во кој е обвинет Зоран заев беше закажно во 11 часот. Груевска го почна судењето, без да го претстави Советот до неа, иако имаше измена, што е азбука во правосудството и начинот на водење на постапките, па тоа е и битна повреда, бидејќи некој од членовите може да има процесни пречки да постапува, а ако за тоа се дознае подоцна судењето почнува од почеток.
Но, Дијана Груевска не сметаше дека треба да каже зошто до неа седи судијката Ленка Давиткова а Ѓоко Ристов, а покрај игнорирањето да го каже вториот судија, од судските службеници бевме искарани што сме прашале за името на судијата, па излезе дека новинарот е виновен што судијката не си ја завршила законито постапката како што и налага ЗКП.
Дијана Груевска која се жали дека трпи притисок од медиумите, но не и од политичарите со свесно кршење на ЗКП на денешното судење за Поткуп.
Одбараната на Заев веднаш побара да се утврди стварната надлежност на обвинителот Владимир Милошевски, бидејќи, според нив, тој нема мандат да го застапува обвинението. Според одлуката што ја презентираа на Советот на обвинители, објавена во Службен весник, Милошевски имал мандат продолжен за дополнителни 6 месеци кој истекол на 30.11.2016 година и од тогаш, тој не е дел на ОЈО за гонење организиран криминал, туку на ОЈО Скопје и како таков не може да го застапува обвинението.
Од судот беше побарано да донесе решение дека Милошевски не е надлежен обвинител, на што, Груевска даде пауза од 10 минути за да донел решение Советот.
Но, за чудо паузата се развлече на повеќе од 1 час и се поклопи со само една минута разлика, со влегувањето на обвинитело Златко Биковски кој го зазеде местото на Милошевски, а овој остана да седи до него.
Судијката Дијана Груевска, изглуми изненадување кога влезе во судницата, па бараше одговор од Биковски што бара тука, без да го соопшти решението за кое излезе на “10“ минути на советување.
Биковски образложи дека тој е дел од ОЈО за гонење на организиран криминал и од тој момент па натаму ќе го застапува обвинението, а остава можност за наредните судења и други обвинители да се појават на застапување.
со ова, Биковски призна дека Милошоски нема мандат во ОЈО за гонење организиран криминал, но рече дека обвинителот ќе седи до него, бидејќи тој може со себе да носи помошници и стручни соработници.
Одбараната на Заев побара обвинителот да се префрли во публика, бидејќи не може некој „од обвинителството на Гордана Гешкоска да седи до Биковски а без за тоа да нема посебно овластување дека е определен да постапува по предметот со одлука на повисок обвинител, согласно хиерархијата“.
Откако Дијана Груевска нотираше дека Биковски ќе го застапува обвинението и го праша дали е подготвен за презентирање на воведните зборови, а Биковски потврди, адвокатите на Заев Јаким Наумов и Филип Медарски побараа изземање на обвинителот Биковски, а тоа го побара и самиот Заев.
-Тоа е обвинителот кој заедно со Милошоски, со судијата на претходна постапка и со други луѓе, злоупотребувајќи ја институцијата обвинителство поднесоа обвинение во овој предмет „Поткуп“, а претходно тој обвинител го поднесе и обвинението за „Пуч“ – рече Заев, кој оцени дека ова е политички монтиран случај.
Одбраната, покрај причините изнесени на записник, меѓу кои и фактот што Биковски потпишал решение за неииземање на Милошевски и покрај тоа што немал мандат, побара време од 1 до 3 дена, за да може да ги комплетира доказите кон барањето за негово изземање, бидејќи во судница ја видоа змената на обвинителите и не ги носат писмените докази за него.
Но, судијката Дијана Груевска одби да им даде рок и рече дека дава пауза од два часа за да го испрати предметот на одлучување кај Марко Зврлевски, а тој, ако му требаат време и докази, да ги повика адвокатите да му достават.
на ова остро реагираа адвокатите, обвинувајќи ја судијката дека грубо ги повредува одредбите на ЗКП и го спречува нивното право на одбрана.
Кон реакциите на адвокатите се приклучи и самиот обвинител Златко Биковски, кој како што рече, не сака да го учи судот како да постапува, но мора да му укаже дека донел избрзана одлука.
-Со тоа што донесовте одлука да го пратите предметот кај Републичкиот обвинител, без да биде комплетирано барањето, вие донесовте избрзана и правно преуранета одлука. Не може судот да прејудицира кој обвинител ќе решава по барањето за мое изземање. Вие барањето треба да го пратите до ОЈО за гонење на организиран криминал, а ако има пречки, ние согласно нашата хиерархија ќе го испратиме кај надлежен обвинител. Дополнително, адвокатите најавуваат докази и без нив барањето не би било комплетно – рече Биковски, држејќи и лекција по право на судијката, која наиде на одобрување кај одбраната која го пофали што застанал на страна на законот и законитоста на постапката.
Но, Груевска не прифати дека го крши законот и почна да се ценка со адвокатите, давајќи им непристоен предлог: сакате ново рочиште за 2 дена, на 25 јануари или пауза од 2 часа, да одлучи Марко Зврлевски и да продолжат.
Одбраната реагираше дека не може да закаже судење за 2 дена, бидејќи од едно до друго мора да поминат најмалку 8 дена, а плус, за 25 јануари в среда, сите веќе имаат преземено обврски во други судења.
-Тоа мена не ме интересира, давам пауза од 2 часа, а вие доказите да ги однесете во обвинителство, јас таму ќе го пратам предметот, рече Груевски и избега од судница.
Адвокатите сепак потсетија дека тие ќе го почитуваат законот, доказите ќе ги достават до Судот, а Груевска, нека се мисли што ќе прави со нив и каде ќе ги праќа.
По ова, адвокатите и обвинетиот си заминаа и не е извесно дека ќе се вратат.
Извор: Сведок