По речиси два месеци од истекот на мандатите на претседателите на Кривичниот суд Владимир Панчевски и на Врховниот суд Лидија Неделкова, Судскиот совет се уште не избра нивни наследници, иако последните прогнози беа дека тоа ќе се случи на крајот на месецот.
Претседателот на Судскиот Совет, Звонко Караџовски, неодамна истакна дека се надева дека претседателите ќе бидат избрани до крајот на јануари, но сега вели дека се уште траеле одредени процесни дејствија, поради што не сака да прогнозира со нов датум за нивниот избор. Сепак, како што неофицијално дознава „Фокус“ од судски извори, изборот се одложува поради ненадејни превирања во Судскиот совет, односно не можело да се обезбеди двотретинско мнозинство за повторен избор на досегашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
…
Текстот во целост прочитајте го тука