Судење за „Крвавиот четврток“ – Николовски, Богоевски и Зекири во судот

Деветминта обвинети за крвавите настани кои се случуваа во Собранието в четврток ќе се најдат на обвинителна клупа во Кривичен суд.

Стартува судењето за правата група идентификувани напаѓачи. Тие се гонат за учество во топла. Од обвинителство порачаа дека засега немаат за тие лица докази за потешка квалификација на делото.

Пратениците, пак, кои беа нападнати во Собранието и кои веќе неколку дена даваат искази во јавното обвинителство, децидни – не станува збор за учество во топла, туку за обид за убиство на пратениците и лидерите на политичките партии кои се наоѓаа во собранието.

„Ова во минимум беше обид за убиство на сите кои бевме таму“, изјави Љупчо Николовски.

„Нашиот кривично-правен систем да ја согледа вистинската тежина на терористичкиот напад и нападот врз живот кој се случи во собранието и со тоа да добие соодветен третман во нашиот правен систем“, изјави Павле Богоевски.

„Ние ќе просведочиме за сето она што го видовме на 27-ми минатиот месец во собранието, за обидот за јавен линч врз пратениците“, изјави Мухамед Зекири.

И додека скопското обвинителство се уште работи на настаните од крвавиот четврток, сè уште е неизвесно кој ќе биде прв човек на скопското обвинителство, откакво вчера истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска. Претседателот на советот, Петар Аневски, денеска не беше јасен дали Гешковска е сè уште на функција или не.

Од Советот денеска рекоа дека седницата ќе се одржи на 25. мај, односно за девет дена, a според извори од обвинителството изборот бил одложен заради немање кворум како и поради причини од законот за избори, односно забраната за избор во овој период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e