Студот допрва доаѓа – спремете се за -15 °C

До крајот на денов ќе има послаби врнежи од снег на повеќе места, и тоа особено на запад, југозапад и југ каде снежната покривка на повисоките и на планинските места ќе се зголемува а на ниските ќе дојде до формирање на потенка снежна покривка, ќе продолжи да дува засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец кој на некои места на моменти ќе достигнува брзина до околу 100 км/час, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 4 степени во најтоплите делови од државава.

До утрешното утро врнежите насекаде ќе престанат и ќе започне намалување на облачноста, утрешното утро исто така ќе биде ПОЛАРНО со температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -3 степени додека на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат и под -15 степени, многу студено утро со слични температури ќе имаме и во понеделник наутро, сепак од утре па во текот на следните денови следува период на постабилно и посуво време.

Подготви: Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e