Студен бран се наближува кон земјава – подгответе се за пад на температурите!

Утре ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со слаба претпладневна магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста.

Во недела ќе биде значително облачно и ќе има локални врнежи од дожд, особено попладне. Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали.

Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e