Струмичките пензионери бараат оставка од претседателот Аргировски

Струмичките пензионери побараа оставка од претседателот на Сојузот на пензионерите, Драги Аргировски откако потпиша Меморандум за соработка за претстојните парламентарни избори со лидерот на владеачката ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски .

Според нив Аргировски ја злоупотребил доверената функција и го прекршил статутот на Сојузот, бидејќи здруженијата на пензионери ги ставил во функција на политичка партија.

„Пензионерите се повредени и револтирани бидејќи Аргировски се стави на страната на политичка партија што е спротивно на интересите на пензионерите. Како Сојуз може да потпишуваме Меморандуми со Влада или министерства, но не и со политички субјект и тоа во предизборен период. Со тоа е прекршено уставното право на секој пензионер за самоопределување“, подвлече Данче Даскаловска, претседателка на здружението од Струмица каде членуваат 10.250 пензионери.

Даскаловска  истакна дека Извршниот одбор на Сојузот веќе дискутирал на оваа тема и на следното Собрание не се исклучува можноста да биде покрената постапка за разрешување на Аргировски.

Деновиве реагираа и пензионерите од Радовиш, Прилеп и Штип. Тие јавно се оградија од Меморандумот и побараа оставка на претседателот бидејќи со потпишаниот договор ги злоупотребил пензионерите.

Извор: 24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e