“Плаќаме повисоки сметки за електрична енергија за повеќе од 100%, денес во однос на 2006 година!
Причина за тоа се криминалните политики на оваа влас во енергетскиот сектор, збогатувајќи енормен број на луѓе кои се блиски до неа,на сметка на граѓаните на Р.М.
Еве сметка од 2006 година во која што за потрошена електрична енергија биле потребни 622 денари.
Денес, за истото потрошено количество електрична енергија, потребни се 1820 денари!
Тоа е повеќе од двојно бидејки во неа власта вметна и други ставки што ја оптоварија финалната цена.
Во 2011 година, оваа власт ја укина евтината струја и не” убедуваше дека тоа ќе значи поголемо домашното производство, намален увозо на електрична енергија и намалени трошоци за електрична енергија.
Погледнете ги фактите на графиконот што го покажуваат спротивното:
– Има пад на домашното производство на електрична енергија од цели 25%!
– Имаме зголемен увоз на електрична енегрија се за 38%!
-И погледнете колку е покачена цената не електричната енергија, она која ја пла
Аме преку целиот ден, односно скапата тарифа Во овој графикон е одговорот зошто струјата е покачена за 100 проценти.
Затоа што, поради падот на домашното производство Македонија мора да увезува електрична енергија. Во Македонските електрани работат надворешни фирми, со високи профити! Увозот не електрична енергија е на ниво од 200 милиони евра годишно Секое семејство, секој еден од нас ги плаќа тие договори! Тоа е еквивалнтно на 100 евра по глава на жител Годишно околу 200 милиони евра се трошат на увоз на електрична енергија, или 100€ по глава на жител!
Ние имаме План како да го обновиме домашното производство. Имаме план како да ја вратиме евтината тарифа. Имаме план како македонското сонце да создава македонска енергија, бидејќи граѓаните ни се приоритет”, вели Митко Андреевски, претседателот на комисијата за енергетика на СДСМ.