Странскиот печат за „Авторитаризмот во Македонија“

Без да се употреба на моќта на гатање, најдобар начин да се анализира идното претседателство на Трамп е со анализа на споредливи лидери а Груевски од Македонија би можел да биде добар пример за споредба, пишува „Foreign affairs“ во текст насловен „Авторитаризмот во Македонија – Како прогресивните сили во земјата можат да му се спротистават на Груевски“.
„Како што новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп доби гласови покрај или заради неговите закани дека неговиот противник ќе го стави во затвор, неговата исплата од 25 милиони долари за спогодба околу тужба за измама и неговите снимени фалби за неконсензуален секс, и Груевски беше во можност да добие мнозинство гласови и покрај тоа што е вмешан во скандали, покрај протести и обвинувања за измама.“ стои во  Foreign affairs.
Дури и пред изборите, обвинувањата за криминални дела на Груевски се ширеа како епизода од серијата „Куќа од Карти“ пишува медиумот, надоврзувајки се на прислушкуваните разговори за кои наведува: Откако се објавија, снимките сведочат за авторитарниот стил на Груевски: политички тепачки, сплескување на приоритетите на критичките бизнисмени и илегални имотни шпекулации се само дел од криминалните дела кои се откриени.
„Најниска точка беше исмејувањето на мартин Нешковски од страна на министри на ВМРО – ДПМНЕ, младф симпатизер на партијата кој беше убиен во 2011 година од телохранител на Груевски за време на прославата на третата изборна победа на Груевски.“
И Груевски и Трамп ги освоиа медиумите, анализира „Foreign Affaris“, додавајки дека лажни вести се пробивале и во двете политички кампањи. За време на изборите, лажни сајтови за вести беа отворени од претставници на ВМРО – ДПМНЕ. Партијата исто така спроведуваше силно малтретирање преку „Фејсбук“, пишува медиумот, нотирајки дека опозицијата во земјава е слаба:
Нема доволно „анти-Груевски“ гласачи кои би ја поткопале неговата влада. СДСМ не придоби доволно членови од ВМРО – ДПМНЕ, која доби 30,000 гласови помалку во 2016 во споредба со 2014, анализира „Форен Полиси“ и додава: „Ова може да укажува дека багажот на Заев е преголем за одредени гласачи“.
Германскиот Frankfurter Allgemeine Zeitung води сличлна анализа насловена „Ќе му помогнат ли Албанците на Заев да го прогони Груевски?“
„Порано, Груевски и другите изборни победници се обидуваа своите помали албански партнери да ги свртат едни против други. Доколку една албанска партија не е послушна, ѝ се заканува создавање коалиција со некоја друга. Тоа веќе не е така едноставно. Имено, со одлучно посредување на премиерот на една соседна држава – Еди Рама од Албанија – три од четирите партии на македонските Албанци кои влегоа во парламентот потпишаа пакт.“ – Frankfurter Allgemeine Zeitung.
Груевски сака по секоја цена да остане на власт. Тој ќе мора да постигне согласност со најмалку една партија на Албанците за да ја оневозможи истрагата која, под притисок на ЕУ, се води против него и неговите соработници за корупција, заклучува германскиот весник.
Извор: 24 Вести

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e