Од сто до петстотини милиони, па и цела милијарда евра може да биде отштетата за најмасовното и најдолго нарушување на човековите права во Македонија.
Побарајте во Специјалното обвинителство информација дали вашиот мобилен телефон бил прислушуван, или пак снимен кога сте му телефонирале на некој од личностите чии комуникации биле под директен надзор на тајната полиција. Ако имате среќа во несреќа и ако победи правдата, ако се ослободат судовите и се воспостави правна држава, можете да заработите убави пари. Стегнете една тужба преку вашиот адвокат штом ослободениот суд од пресијата на режимот утврди кој издал наредба за прислушување и кој прислушувал незаконски. Одредете ја цената на вашата слобода, приватност и достоинство. Ако има правда, монструмите мора да ја платат штетата што повеќе од осум години незаконски следеле илјадници луѓе, познати јавни личности, што е најголемото и најмасовно нарушување на човековите права и слободи во Македонија по Втората светска војна. Ако 20.000 луѓе побараат само симболична отштета од 5.000 евра по човек, тогаш минималната парична казна што треба да се исплати изнесува преку сто милиони евра, пари кои треба да ги платат дрските разбојници и крадачи на слободата.
Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја тука
