– Прашувам во кое својство е дојден Емил Димитриев во Собранието, како премиер или како пратеник? Член 7. од Законот за Собрание вели дека пратеничката функција е неспоива со друга јавна функција. Или е лажен пратеник, или е лажен премиер, рече Ирена Стефоска.
Таа кажа дека нејзиното работно место е во мирување, а оставката на Димитриев требала да се случи поскоро, бидејќи за таа функција има и заменици премиери.
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека и во 2006-та година тогашниот премиер и министрите од СДСМ, биле и министри и пратеници, на што Шекеринска одговори дека конститутивната седница тогаш траела еден ден и дека не блокирале Груевски да стане премиер што можеби била нивна грешка.
– На овој пратеник и премиер му треба друг да му каже дали е пратеник или премиер. Исто е ама не е исто. Тогашниот премиер не патуваше за партиски цели на државен грб, рече Шекеринска.