Стајковиќ, осомничен од СЈО за случајот „Трезор“ под истрага во МВР и за нападот во Собранието

Меѓу новите 15 суспендирани припадници на МВР за нападот на Собранието на 27 април е и Небојша Стајковиќ, осомничен од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во случајот „Трезор“ поврзан со набавка на опрема за следење во 2010 година преку фирма-посредник, пишува СДК.

Информацијата е потврдена од МВР, но од таму не прецизираат дали Стајковиќ е суспендиран поради непосредно учество во нападот на Собранието, или поради пропусти во работата кои довеле до бруталното претепување на пратениците од парламентарното мнозинство.

Стајковиќ како раководител бил задолжен да го контролира работењето на тетра – системот за снимање на командите во МВР. Во истрагата, МВР открило дека Системот за регистрација на командите не работел три години. Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу ангажирал германски експерт да ги провери серверите за снимање на команди, и се открило дека два сервери не биле вклучени во системот за снимање команди и дека тој не работи уште од 2014 година.

Небојша Стајковиќ е еден од осомничените од Специјалното јавно обвинителство кое на 28 септември минатата година го презентираше случајот “Трезор“. Станува збор за истражна постапка против три раководни лица од УБК и едно раководно лице од МВР, кои се сомничат дека прибавиле имотна корист за правно лице регистрирано како „Финзи“ во вкупен износ од над 53 милиони денари, или над 862.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e