ВМРО не ја дава власта на централно ниво но, не сака да се откаже и од власта на локално ниво. Уште сметаат дека им се може. Што ако има мнозинство за нова влада и за закажување на локалните избори во мај. Тие го имаат Хорхе што ни го дал Господ. Зврлевски, Судовите и внукот на Билјана Плавшиќ, Лазански кој “Не да Македонију” како што не го даде Косово подржувајќи ја политиката на Милошевиќ.
Сакале нови парламентарни избори на кои ќе се гласало за тоа кој ја подржува нивната Српско-Руска платформа за Македонија.
Според таа Платформа, прорускиот претседател на државата Иванов ќе ја оддалечува со секој свој потег Македонија од НАТО и од ЕУ и ќе го заштитува криминалот се додека не избие конфронтација помеѓу подржувачите на Евро-атлантската платформа и бранителите на Српско-руската платформа. Се потоа е веќе видено украинско сценарио.
Поради сето ова партиите кои имаат мнозинство за составување влада треба својата битка за мирен трансфер на власта да ја водат смирено и со аргументи. Треба со заеднички сили да излезат со владина програма во која ќе биде наведено дека покрај владеењето на правото како главна цел на владината коалиција и остварување на реформите од извештајот на Прибе и на ЕУ, ќе биде и унапредувањето на правата на етничките заедници кои произлегуваат од Рамковниот договор и од Уставот на Македонија и ќе се гарантира еднаквоста на граѓаните.
Ако и по ова не се дозволува мирен трансфер на власта тогаш ќе биде јасно што е целта на криминални структури на чело со Груевски и Иванов. Но треба да се биде трпелив и нивните намери полека да се вадат на површина за на било кои наредни избори да доживеат тежок пораз.
Ѓорѓи Спасов