Средба Заев – Иванов ќе има

Средбата на шефот на државата Горѓе Иванов и лидерот на СДСМ Зоран Заев во претседателската вила на Водно – најверојатно ќе се случи следната недела, дознава Телевизија 24. Информацијата засега официјално никој не ја потврдува. Сепак, нивни извори велат дека до петок средба не може да се очекува.

Во меѓувреме од Кабинетот на шефот на државата потврдија дека вчера го добиле новото писмо од претседателот на Собранието, Талат Џафери, испратено откако неговиот избор беше официјализиран во Службен весник. И со ова писмо, Џафери информира дека парламентарното мнозинство е формирано и дека во рок од 10 дена треба да биде доделен мандатот за состав на нова Влада.

Ако се земе во предвид ова писмо тогаш Иванов има рок до 19. мај да го додели мандатот. А СДСМ, повторно порача дека веќе се надминати сите пречки за доделување на мандатот.

„Нема никакви пречки мандатот да биде даден што поскоро.“, изјави Драган Тевдовски, СДСМ.

Од Кабинетот на Иванов преку писмено соопштение денеска му порачаа на Заев да го исполни јавно искажаниот збор дека:

„Заедно со коалиционите партнери ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија”.

Според информациите и странските амбасадори се подготвени да застанат зад гаранциите за унитарноста на државата, доколку тоа се побара од нив. Во таа насока беше и изјавата на Иванов по сребата со Хојт Ји кој порача дека од САД ќе бара поддршка за надминување на пречките за доделување на мандатот.

Но, денеска од кабинетот на Иванов потворно во игра ја враќаат тиранската платформа, посочувајќи дека остануваат на ставот дека таа не може да биде услов и основа за формирање на влада – но и дека Иванов ќе постапи согласно Уставот и воспоставената пракса.

Ваквата реторика доаѓа откако дел од медиумите се цитираа изјава на портпаролот на ДУИ, Бујар Османи во албанските медиуми во кое тој наводно посочува дека ДУИ во новата влада ќе има посилни позиции и ќе инсистира на спроведување на албанската платформа. Османи тврди дека станува збор за политичка злоупотреби и дека ниту нивната политичка агенда, ниту потпишаната декларација не ја нарушуваат унитарноста на джавата. Но, дека прашањата кои бараат консензуално мнозинство се ставени со цел да се отвори дебата во општеството. Додека другите прашања се дел од програмата на Владата а тоа е економски развој, правна држава, интерграции и употреба на албанскиот јазик согласно Уставот и Рамковниот договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e