Потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Рената Дескоска се сретна денеска со г. Самуел Жбогар, амбасадор на ЕУ во Република Македонија.
Евроамбасадорот Жбогар се интересираше за работата на парламентот и за подготовките на претстојните предвремени парламентарни избори, при што беше нагласено значењето на слободни и фер избори.
Потпретседателката Дескоска укажа на потребата за мониторинг на меѓународната заедница за спроведување на претстојните избори.
Исто така, беше истакнато дека ЕУ е наш стратешки партнер и дека наша цел е исполнување на европските критериуми и полноправно членство во Европската унија. – соопштуваат од Собранието на РМ.