Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Словачката Република во Република Македонија, Мартин Безак.
На средбата беше искажана взаемна подготвеност за натамошно унапредување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Словачката Република. Воедно беше реафирмирана поддршката од Словачка на евро-атланската интеграција на нашата земја.
Амбасадорот Безак му посaка успех на министерот Димитров во извршувањето на функцијата.