Актуелните политички случувања, изборите и мигрантската криза биле темите на разговор на средбата меѓу еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Соговорниците констатирале дека се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Соговорниците разговарале и за предизивците со мигрантската криза и за понатамошните активности било заклучено дека е потребно заедничко координирање и дејствување во согласност со стратешките определби на Унијата.
Еврокомесарот Хан денеска се сретна со лидерите на политичките партии, претставници од невладините организации и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
За поврзани вести продолжете надолу