Од кабинетот на претседателот на Собранието соопштија дека седницата за избор на Владата во Собранието на Македонија ќе биде во вторник.
Доцна вечерва составот и програмата на новата Влада беа поднесени до Собранието на Република Македонија.
„Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија веднаш ги достави до пратениците, а седницата за избор на Владата ја свика за вторник 30.05.2017 (вторник) година, во 11:00 часот, за избор на владата на Репулика Македонија“, соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието.