Оливер Спасовскире речиси три часа даваше отчет во законодавниот дом. Причина поднесената интерпелација од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот на пратеничката група на опозициската партија, Никола Мицевски го обвини министерот за селективно работење и дека не го штити јавниот интерес.
Давајќи примери од времето кога со МВР раководеше ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски ги отфрли обвинувањата на негова адреса.
Критики за работата на првиот човек на МВР упати и пратеникот Антонио Милошовски.
Со поддршка за Спасовски излезе пратеникот Горан Мисовски. Според него, Милошоски нема морал за да кажува како се работи во МВР.
Но, Милошовски брзо му одговори.
Министерот за внатрешни работи ги обвини неговите претходници за злоупотреба на должноста. Како што вели тој во министерството наследил долг од 30 милиони евра. Според него ова министерство било партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Расправата за интерпелацијата на Спасовски се очекува да трае до полноќ.
Извор: 21ТВ
