Во април и мај компаниите кои ќе ги исполнат условите што сега ги прецизира Владата ќе добијат финасиска помош во минимална плата, изјави премиерот Оливер Спасовски во „Само интервју“ на ТВ Канал 5.
Државната помош ќе ја добијат само оние компании кои целосно ќе ги исполнат условите, односно како пример наведе фирмите да немаат отпуштено вработени откако земјава е во кризна состојба поради коронавирусот.