Спасовски: Сите македонски државјани кои се заглавени на некој од аеродромите во Европа ќе добијат помош од МНР

Сите македонски државјани кои се заглавени на некој од аеродромите во Европа и се обидуваат да се вратат назад ќе добијат помош од МНР, но по пристигнувањето ќе бидат испратени во задолжителен карантин, изјави премиерот Оливер Спасовски во интервју за „Телма“.

„МНР до вечер ќе ја утврди бројката на македонските државјани и дестинациите. Сите оние кои се нашле од било која причина на аеродромите треба да се пријават и на тој основ се организира нивното враќање. Има план и начин како граѓаните да се вратат во државата и кога ќе се вратат ќе бидат префрлени во карантин“, истакна Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e