Размислуваме во правец на тоа дали воопшто треба да имаме јавен превоз, односно еден период да се стави во мирување. Тоа е нешто што ќе се разговара утре. Треба да видиме и од епидемиолошки аспект, информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски.
„Дали ќе се забрани јавниот превоз зависи од тоа какви ќе бидат проценките во однос на развојот на настаните и колку граѓаните ќе бидат дисциплинирани во почитувањето на мерките. Треба да имаме крајна одговорност. Секој граѓанин мора да биде на висина на сопствената одговорност, на секој од нас е да спасиме живот во државата“, изјави Спасовски.
