Спасовски: Досега нема пријави од родители за групата „Јавна соба“, сите заедно да делуваме!

Откако случајот се откри во јавноста, Бирото за јавна безбедност покрена истрага, во која се очекува да се откријат администраторите и членовите на затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, каде се објавувани интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од повеќе македонски градови.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски вели дека оваа група е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови.

„Од Бирото за јавна безбедност покрената е истрага. Излезено е Јавното обвинителство за наоѓање на администраторите и членовите на оваа група“, рече Спасовски.
До сега нема ниедна пријава од родители на девојчињата за злоупотреба, вели дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ.

„Се координираме со МВР и со МОН. Упатувам апел до сите родители чии девојчиња се изложени, да се обратат до Центрите за социјална работа, кои во соработка со МВР ќе постапуваат. Со МОН веќе договоривме стручните служби во училиштата да преземат мерки“, рече Шкриељ.

Треба да делуваме превентивно, а не само репресивно, дополни Спасовски, во врска со групата „Јавна соба“ преку која се разменувале порнографски содржини и кај малолетни девојчиња, а која ги вознемири родителите.

„Кога зборувам превентивно, мислам сите заддно тоа да го направиме уште пред да се случи одреден настан, а не само кога ќе се случи. Тоа важи и за родителите, кои треба да знаат како децата да ги заштитат од социјалните мрежи, но и за образовните институции, тие доколку дознаат, веднаш да пријавуваат вакви случаи. Бидејќи, досега често се случувало во образовните институции да се знае за вакви појави, а да не се пријавува, па ние за тоа дознаваме од медиумите. Сите заедно да се бориме, и родителите, и семејствата и институциите“, рече Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e