Спасовски до Димовски: Однесувањето ти е синдром на напуштена љубовница

Пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, повторно го опомена претседавачот Трајко Вељаноски дека не го почитува Деловникот, бидејќи дебатата била за се освен за 3. точка од конститутивната седница.

– Само подгреваат страсти кај Македонците и Албанците. Однесувањето на Илија Димовски е синдром на напуштена љубовница, бидејќи нели до вчера беа во коалиција со ДУИ, рече Спасовски.

Тој го повика Вељаноски да реагира на секој дискутант кој не се придржува на дебатата, бидејќи се дискутира за се и сешто, а ако не го прави тоа, подобро да се тргне од претседавачкото место и да го докомплетира хаосот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e