4950 денари е целосната услуга којашто се плаќа на јавната здравствена установа од страна на фондот за здравствено осигурување. Тука влегува и тестот и работењето во лабораторија и стручниот кадар, итн, со тоа што во тие лаборатории имате еден или двајца вработени, а во јавното здравство имате и 20 вработени во една лабараторија, изјави премиерот Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“, на ТВ Канал 5.
Овде не станува збор за тендери овде станува збор за утврдена цена во којашто фондот за здравствено осигурување ја исплаќа спрема јавните установи. Тестовите се набавуваат на тендери и тие се иста цена колку што ги набавуваат и
во приватните установи, но не станува збор за споредба на тестот туку споредба на услугата, истакна Спасовски.