Првите 5,7 милиони евра бескаматни кредити како директна помош за микро, мали и средни претпријатија во борбата со коронавирусот од денес се достапни на компаниите, соопшти премиерот Оливер Спаосвски.
„Јавниот повик е објавен на веб страницата на Развојна банка на Република Северна Македонија. http://www.mbdp.com.mk/
Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Кредитите се со каматна стапка од 0%, рокот на отплата е до 24 месеци и грејс период од 6 месеци“, истакна Спасовски.