Сопругата на Бени Шаќири за албанската пратеничка: Дода нема право да зборува во име на Албанците во Македонија

„Да ја потсетам госпоѓата Дода дека во Македонија никој не гласал за неа и затоа нема право да зборува во име на Албанците во Македонија!

Исто така, сакам да ја известам дека ние веќе одамна сме одлучиле каква држава сакаме, и дека нејзината реторика е страшно дебилна, поготово во време на политичка и меѓуетничка криза.

Ја повикувам јавно да се извини за овој дипломатски скандал! Јас се оградувам од нејзината изјава и очекувам истото да го направат и сите лидери на албанските партии во Македонија“ – напиша на Фејсбук, Лиса Баута Шаќири, правник и сопруга на популарниот музичар Бени Шаќири, како реакција на контроверзните изјави на албанската пратеничка, Месила Дода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e