Сончево време со температура до 12 степени

Времето денеска ќе биде сончево, а во западните делови ќе преовладува мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од три до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде слично, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до пет Целзиусови степени.

Позначителна промена на времето се очекува од четврток кога изразено северно воздушно струење, со засилен, а повремено силен северен ветер ќе предизвика студено време и повремени врнежи претежно од снег.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e