Службите на македонското Собрание денес почнаа да испраќаат соопштенија од средбите на новоизбраниот претседател на собранието, Талат Џафери, кој веќе влезе и во претседателсккот кабинет.
Од официјалниот службен е -маил на кабинетот на собранието денеска известија за средбата на Џафери со амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар.
Се чини дека останува уште Службен Весник да го верификува мандатот и изборот на Џафери, со што се чини дека и официјално Македонија ќе добие нов спикер на парламентот.