Собраниската комисија за политички систем, денеска ги усвои измените на Кривичнииот закон кој се однесуваат за намалување на казна за дела поврзани со злоупотреба на јавните набавки.
Со овие измени, обвинетите за овие дела можат да минат и со условна казна.
Со овие измени ќе бидат опфатени делата на обвинетата Елизабета Канческа Милевска, како и Василије Авировиќ, синот на пратеничката Владанка Авировиќ.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија Комисијата пред гласањето, а независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ујчествуваше во гласањето на измените, како и пратениците од СДСМ и ДУИ.
