Снегот вее, следува силен леден ветер со брзина до околу 90 км/час, уште снег и поларни температури

о текот на оваа ноќ врнежите од снег кој се во склоп со циклонот Бојана од западните ќе се прошират речиси насекаде низ државава, ветерот од северен правец се повеќе ќе засилува на интензитет и веќе утре на некои места ќе биде силен со брзина дури до околу 90 км/час, сето ова ќе услови појава на снежни наноси а поради многу ниските температури на воздухот ќе има појава на голомразица па затоа на пешацита, а особено на возачите им препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, особено доколку патуваат низ планинските превои.

Врнежите од снег ќе продолжат и утре како и во петок, но во петок особено ќе ги има во источните и југоисточните предели од државава.

На многу места ќе се формира снежна покривка и тоа од 5 до 10 сантиметри во западните и јужните пониски предели, на планините пак истата ќе се зголеми дури за околу 30тина сантиметри, на другите места снежната покривка ќе биде помала.

Макималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени додека уште постудено ќе биде во петок со максимални температури од -7 до 0 степени, наутро понекаде температурите ќе се спуштат дури до -15 степени, на планинските места и под -20 степени.

Подготви: Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e