Снег и на пониските места – УХРМ предупредува за нестабилно време

Македонија влегува во период на нестабилно време. Според најновото соопштение од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре не очекува променливо облачно време со врнежи кои на планините ќе бидат од снег, додека на повисоките места ќе има мешавина од дожд и снег.

Вистинската промена доаѓа во недела, кога се очекуваат поинтензивни врнежи.

„Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места“, предупредуваат метеоролозите.

Од понеделник се очекува стабилизација, но со ведри утра и значително ниски утрински температури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e