Славчо Попоски со најнови најави: Следува нова ЗНАЧИТЕЛНА промена на времето

Поларниот бран кој изразено ја зафати нашата држава во текот на изминатиот викенд услови многу ниски температури на воздухот кој како што и беше очекувано на повеќе места паднаа и под -10 степени, најстудено беше во Маврово каде викендов беа измерени -15 степени во утринските часови.

Во текот на следните денови пак под влијание на значително потопла воздушна маса од југ ќе имаме позначителен пораст, особено на максималните дневни температури на воздухот кој во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени, времето ќе биде стабилно и сончево што значи позначителната облачност која во делови од државава ја имаме во моментов ќе се намали, повторно истата ќе се зголеми утре навечер и во текот на ноќта кон среда кога ќе има услови за слабо и локално провејување на снег, иако понекаде на ниските места има услови за дожд и снег а услови за сосема слабо и локално провејување на снег и тоа особено на северозапад ќе има и во среда а исто така ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец па така во среда максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 3 до 12 степени.

Позначително затоплување на времето ќе има во петок кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, исто така релативно топло ќе остане и за време на викендот.

Подготви: Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e