Скопје уште не е украсено, за новогодишната ноќ ќе пеат Каролина, Тамара…

И годинава ќе има организиран дочек на Нова година на Плоштад Македонија во Скопје, но без финансиски трошок за буџетот на Градот. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека целокупната организација и настапите ќе бидат покриени од Државната лотарија.
„Побарав новогодишната програма да биде составена исклучиво од македонски изведувачи. Потврдено е учеството на Каролина Гочева и Тамара Тодевска, како и неколку уметници од областа на македонската народна музика. Во план се и настани за најмладите, кои ќе траат три до четири дена“, изјави Ѓорѓиевски.
Тамара Тодевска, Каролина, ќе бидат дел од изведувачите на Новогодишната ноќ.

Во меѓувреме, новогодишното украсување на градот сè уште не е започнато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e