СЈО во Крива Паланка – истраги за финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Специјалното јавно обвинителство навлезе во Крива Паланка со предистражната постапка за финансирање на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат извори за Телевизија 24.
Се проширува предистражната постапка за финансиите на партијата која пред еден месец го тресеше Охрид, не е отворен нов предмет, брифираат изворите кои не можат да откријат повеќе поради тајноста во оваа фаза. Официјално од Специјалното јавно обвинителство не ги потврдуваат, ниту пак ги демантираат овие информации.
„Се вршат испитувања за донациите на една партија, но не можеме да кажеме какви испитувања и каде“ – велат од таму.
Неофицијално на информативен разговор биле повикани партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка и директори на општински јавни претпријатија. Истражители на СЈО го испитувале потеклото на парите во финансиските извештаи на партијата.
Извор: ТВ 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e