СЈО: Во финална фаза е истрагата за лажните патарини на Силвана Бонева

Седмиот извештај за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ( за периодот 15- ти септември 2018 година до 15-ти март 2019 година ја рефлектира континуираната заложба на ова Јавно обвинителство за ефективно и темелно истражување на сериозните повреди и прекршувања и санкционирање на сторителите во рамки на својата законска надлежност по однос на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Една од карактеристиките за седмиот извештаен период е поднесувањето на две обвиненија во предметите ТАЛИР и ТАЛИР 2. Истрагата за предметот на СЈО со кодно име „Друмарина“, во кој е осомничена експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, е во финална фаза.

ДРУМАРИНА

Предметот заведен под НСК-КО бр.19/17 се наоѓа во фаза на истражна постапка. Во текот на извештајниот период, преземени се голем број на истражни дејствија, односно испитани се сведоци, поднесени се повеќе барања до различни институции по кои се доставени бараните податоци. Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите донесе Решение НСК-КО бр.19/17 од 22.10.2018 година со кое воспостави стварна надлежност на предметот РО.бр.1590/18 на Основно јавно обвинителство Скопје, како и Решение НСК-КО бр.19/17 од 25.12.2018 година со кое воспостави стварна надлежност на предметот РО.бр.3043/18 на
Основно јавно обвинителство Скопје.

Предметот се наоѓа во финална фаза, па по завршување на истражната постапка, ќе се донесе јавнообвинителска одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e