Специјалното јавно обвинителство влегло во Канал 5 телевизија. Алсат М дознава дека во петокот тим на Катица Јанева бил во овој медиум.
Не откриваат што истражувале и каква документација побарале, бидејќи постапката била тајна. СЈО истиот ден ја чешлаше документацијата и на Медиа Принт Македонија, под чија капа се дневните весници, „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“.
Неофицијално истражители го проверувале финансиското работење на оваа медиумска куќа. Инаку и денеска медиумските работници од овие три весника штрајкуваа поради неподмирени плати. Наместо четири, од денеска штрајкуваат по шест часа дневно. Синдикалните претставици се пожалија дека добивале телефонски закани од менаџментот штрајкот да прекине, во спротивно новинарите добивале закани дека ќе бидат избркани од работа.
Инаку синдикалните преставници од весниците на МПМ се пожалија дека со недели менаџментот ги игнорирал и не покажал желба да се сретне со нив за да се надмине проблемот. Во четвртокот преку соопштение компанијата „Орка холдинг“, која беше дел од сопствеништвото на МПМ, извести дека платата за декмври во трите весници е ипслатена, а во периодот што следи ќе ја исплателе и јануарската. Официјално „Орка холдинг“ потврди дека го продала својот дел во „Графички центар“ ДОО Скопје, сопственик на МПМ по номинална цена.