Никола Груевски и Мартин Протугер се следните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои треба да се појават на распит за предметот Титаник на Специјалното Јавно обвинителство, дознава телевизија 24.
Според информациите, тие двајца се дел од функционерите со кои СЈО ја прошири истаргата за изборни нерегуларности. СЈО веќе побарале од поранешниот премиер Груевски да даде исказ, но поради обврски тој го одложил распитот. Нов термин добил за наредните денови. За екс шефот на кабинетот на Груевски и еден од неговиоте најдоверливи луѓе нема информаци кога треба да даде исказ и дали веќе добил покана.
Како што веќе објави Телевизија 24, вчера на распит се јавил и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Пред еден месец, обвинителката Катица Јанева изјави дека истрагата за предметот Титаник е проширена за нови 17 лица.
„Во оваа прилика ја известувам јавноста дека истрагата под кодно име Титаник на 10.02.2017 година е проширена против 17 нови лица за кривични дела против изборите и гласањето за кои постои основано сомневање дека се сторени во периодот од 2011 до 2014 година“ – изјави Јанева.
„Титаник“ е првата истрага на Специјалното јавно обвинителство и се однесува на изборни нерегуларности. Првоосомничени во процесот се екс министрите за внатрешни работи и транспорт и врски, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски, поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски како и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. Груевски е дел од уште еден предмет на СЈО – за насилставата во општина Центар за кој веќе има и судски процес и обвинение.