СЈО повторно бара да биде казнет директорот на УБК

Обвинителството на Катица Јанева бара по вторпат да биде казнет директорот на УБК, Владимир Атанасовски, за недоставување на потребните податоци на обвинителите, дознава Макфакс. Претходно, Атанасовски, како прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање беше казнет со парична казна од 2500 евра за несоработка со обвинителите. Според информации на Макфакс, директорот до СЈО доставувал дописи во кои само пишува дека постапува согласно законот.

На прашање на Макфакс, Кривичниот суд потврди дека на едно лице му е изречена парична казна за непостапување по наредбата на обвинителите, но не прецизираа дали до Судот се стигнати нови барања за санкции.

Осум функционери не заработија казна бидејќи Криивичниот суд ги одби и отфрли осум од деветте барања на СЈО да се казнат одговорни лица од институции кои не им ги доставиле потребните податоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e