Специјалното јавно обвинителство инфмормираше дека со помош на експертот од шведската компанија „Ериксон”, кој денеска влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање, успеале да ги комплетираат сите податоци што со судска наредба ги бараа од Управата.
-Во текот на денешниот ден, со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, беше извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба. Појаснуваме дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не сме во можност да обезбедиме дополнителни информации. – велат од СЈО.
Тие додаваат дека одземените податоци ќе бидат дополнително анализирани и сите наоди ќе бидат „благовремено споделени со јавноста“.