Сител од Ад-хок телото ќе добие прекршочна за неизбалансираност

Ад-хок телото за мониторирање на медиумите одлучи Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) да поведе прекршочна постапка против телевизија Сител за неизбалансираност во известувањето.

Против ваквиот предлог гласаа двајцата членови Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова.

Според Љубомир Костовски, еден од членовите на ад-хок телото што ја поддржува прекршочната пријава за ТВ Сител, има основа за поднесување прекршочна пријава.

– Не гледам што е толку возбудливо што се поднесува предлог-мерка за некоја телевизија. Не знам зошто Сител би бил нешто посебно за после пет минуи од гласањето, да имаме прес-конференција, изјави Костовски според кој допрва на ад-хок телото му претстои работи и сигурно ќе има и други постапки.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e