Увидот е завршен претстојат вештачења, по што дополнително ќе се произнесеме, велат од Основното јавно обвинителство Тетово, во врска со истрагата за затруените работници од фабриката „Леар“ која работи во состав на Технолошката индустриска развојна зона (ТИРЗ) Тетово.
Од Клиничката болница Тетово, Здравствениот дом Тетово, Центарот за јавно здравје и Санитарната инспекција, посочија дека рано е да се даваат информации околу истрагата, затоа што се уште ги немаат добиено првичните анализи, кои треба да излезат утре или најдоцна задутре.
Инаку сите затруени работници се во добра здравствена состојба, и пуштени се на домашно лекување.
Повеќе од 200 лица, кои во четвртокот работеле трета смена во фабриката „Леар“, се затруле откако вечерале макарони со сос и мелено месо околу еден часот по полноќ. Фабриката „Леар“ се снабдува со храна од тетовски ресторан.