Сите наши предци

Тоа што го кажала на некоја телевизија на тема идентитет некогашната прва полицајка Гордана Јанкуловска, не засклужува ама баш никакво вниминае. Не заслужува затоа што попрво сведочи дека таа има драматично скромен увид (поправо никаков!) во темата за која зборува.

Примерите со кои се служи за својата „забегана“ (израз на Јанкуловска) идентитеска теорија се, во споредба се неа, во најмала рака недостижни Таа кажала дека Славко Јаневски (писател), Томе Серафимовски (скулптор) и Божин Павловики (писател) немале немале некоја улога во обликувањето на нашиот идентитет. Немале затоа што биле „поединци.“ Таква улога имале „сите наши предци“. Кон тоа додала: „Toa што ми пречи е обидот македонскиот идентитет да се поистовети со поединци.“

Убаво, „за мерак“, како што би рекол оној “поединец“- директор на УЈП. Ама,треба сега да се прашаме: зошто се согласила со пастир Никола да му се подигне грандиозен споменик во центарот на Скопје на „поединецот“ Александар од некои цирка 14 милиони евра, но не и на „сите наши предци?“ За љубов на вистината, треба да се „потенцира“ (војвода Љубчо) дека има и некои “предци“ од фалангата во подножјето на Александар. Ама тие “предци“ фалангисти ни оддалеку не се „сите наши предци.“ Испаѓа дека во „сите наши предци“ има некои кои се повеќе и други кои се помалку “предци.“

Повеќе “предци“ се оние кои се пробиле да нашата меморија (традиција и историјата). Помалку предци се оние неколкумина фалангисти во подножјето на Александар за кои знаеме безмалу ништо, ако не и повеќе од тоа. Велам тука безмалу затоа што тие помалку „предци“ само следеле опсесијата на Алексндар која му јадела душа. Неговата опсесија била: како да стане поголем војсководец од татка му Филип кој ги покорил сите тогашни хеленски полис-дражвички, со што покажал дека не оставил ништо да покорува неговиот роден син. Ја следеле не затоа што биле хипнотизирани од опсесијата на Александар, туку за пари. Тој ги плаќал со ограбеното злато од земјите кои ги освојувал. По ист начин по кој сега пастир Никола (во наплив на искреност Гоца рече дека бил солидено „забеган“) ја плаќа и неа со пари од ограбениот државен буџет, пари кои се проценуваат на стотици милиони евра, ако не и на милијарда или две.

Еден ден “поединците“ пастир Никола и некогашната прва полицајка Гоца ќе станат „предци.“ Како „предци“ кои се вклучуваат во “сите наши предци“ ќе добијат бронзена верзија како онаа на Ќосето пред Палатата на правдата или восочна, како онаа на Ванчо Михајлов. Ќе добијат под еден необичен услов. Тој услов е: нивните наследници во некое идно време да бидат ако не исто толку, тогаш солидно „забегани“ колку „предците“ пастир Никола и Јанкуловска која ги следи неговите инфантилните фрустрации затоа што и носат пари. Тоа се пари ограбени од сегашните Македонци кои, исто така, ќе станат анонимни „предци“ како оние неколкумина „предци“ во подножјето на Александар.

Има една работа за која абер си нема некогашната прва полицајка, веќе доктор на политички науки. Таа работа бара да си стави фластер на уста за да не сипа глупости кои го навредуват здравиот разум како на оние фалангисти од подножјето на Александар, така и на сегашните Македонци кои, еден ден, ќе се најдат меѓу „сите наши предци.“ Работата која бара да си стави фластер на уста се вика основа на идентитетот како на Јаневски, Серафимовски и Павловски, така и на пастир Никокола и неговата прва полицајка Јанкулувска

.Добро упатените луѓе кои знаат што зборуваат кога зборуват, таа основа ја викааат архаичка составка. Таа има една разликувачка црта што ја немаат оние кои, на Телма, филозофот Ивица Џепаровски ги нарече професионален или партиски идентитет. Архаичката составка е непроменлива во споредба со партиската или професионалната. Некогашната прва полицајка може да го промени својот сегашен партиски идентитет без око да и трепне ако процени дека таа промена ќе ја спаси од заканата Специјално обвинтелство. Впрочем, има и солидно, свежо искуство за тоа. Некогаш, нејзината составката партиски идентитет се викал Демократска Алтернатива. Онаа на Циле Тупурко која исчезна од политичката сцена. Затоа што исчезна, Гоца го смени својот партиски идентитет ДА со оној на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Смената и помогна да дојде до престижна идентитена составка министер на полиција .

Има многу веројатности да дојде Гоца и до друга составка на нејзиниот идентитет под услов Специјаното обвинтелство на Катица Јанева да го издржи притисокот на пастир Никола. Таа составка се вика Шутка (истражен затвор) која ќе и отстапи место на друга која се вика Идризово (централен затвор). Сега пастир Никола, како и Гоца впрочем, бара од петни жили да не му се продолжи мандатот на Специјалното. А зошто бара? Тој бара не само затоа што бега од идентитетната составка Шутка или Идризово, туку и затоа што лесно може да се најде на буништето на историјата како што предвидува Стојан Андов. Може да се најде затоа што некои наследници на кои тие ќе им стане еден од “предците“ ќе се срамат од идентитетните составки Шутка или Идризово.

Сега восочниот, некогаш жив Ванчо Михајлов рекол во Рим дека треба, кога ќе се убива, да се убие Блаже Конески, а не Крсте Црвенковски. Така пишува во книгата “Политичките убиства во Македонија“ на покојниот новинар Верљуб Андоновски. Требало да се убие затоа што тој правел идентитет Македонци на штета на идентитетот македонски Бугари. Што ни кажува таа порака до сите патриоти на пастир Никола од восочниот Ванчо Михалов?

Таа ни кажува дека во корпусот „сите наши предци“ едни убиваат, а други се убиени. Кога Гоца вели: „сега му е мајката да се сотрат комуњарите“, таа вели истовремено дека има лоши (сега предавници) на една и добри (сега патриоти од мерата надвор) Македонци на друга страна. Лошите предавници расипуваат, добрите патриоти дигаат до небо идентитет. Тоа мошне го разбирам. Ама не разбирам зошто некако не сака да биде „сотрена“ од Специјалното на Катица. Не разбирам затоа што и “сотрените“ и оние кои сотираат еден ден ќе се најдат во корпусот „сите наши предци“ кои го издигаат до небо нашиот идентитет. Не меѓу „поединците“ Славко Јаневски, Томе Серафимовски и ним сличните или блиски. Уште помалку меѓу “џуџињата“ Коста Рацин и Блаже Коноски од кои се срамат колосите Чилиманов и Милошски.

Атанас Вангелов – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e