Реализираат проекти пред да распишат тендери за јавна набавка, вредноста во анексите на договорите се повисоки од самите договори, раскошно ги наградуваат странските инвеститори, јадат бифтеци од 5000 денари, пролупуваат службени возила надвор од работно време, за патни трошоци добиваат цели богатства, купуват станови за своите велосипеди. И на крајот, никому од нив ништо не им фали.
Ова е само еден краток сегмент од описот на „одговорното“ и бахато однесување на властодршците. Може уште многу што да се додаде, но вистината е една, ако не дојде до промена на власта ситуацијата само дополнително ќе се усложнува.
Доколку останат неказнети, нема да има и зошто да го менуваaт воспоставениот систем кој победува. Тие и понатаму ќе продолжат раскалашено да трошат, а како и досега, отчетот за потрошеното воопшто нема ни да го достават. Нивните манипулации се бескрајни. Веќе научивме дека во комуникацијата со оваа власт доминираат полувистини, лаги и молк. Просто не знаеш што е полошо.
Само нова власт може да открие што се’ се крие зад бегањето да се дебатира и да се информира јавноста. За постојната, тоа е начин на владеење. Целта е јавноста да се дозира со информации за да се оствари поголем простор за „лов во матно“. Помалку информираните немаат аргументи за да формираат сопствено мислење, па не им останува ништо освен да им веруваат на ставовите на властите или да се сомневаат во нив. А бидејќи сомневањето се квалификува како предавство, вистина е само она што кажуваат властите.
Колумната на Крсте Шајноски во целост прочитајте ја тука