Граѓанскиот активист Митко Јованов на својот Фејсбук профил открива сензационално откритие за лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој се повикува на текст објавен во швајцарскиот весник “Блик”. Еве што напиша Јованов:
ШВАЈЦАРСКИ “БЛИК” ОТКРИВА
Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија
Во Швајцарија, поради параноидна шизофренија, земал инвалидска пензија, а во Македонија за кратко време ќе стане министер, пишува швајцарскиот весник “Зонтагсблик” за водачот на ОНА, сега лидер на ДУИ Али Ахмети.
Се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт, водачот на терористите на ОНА, сега лидер на ДУИ и двократниот татко Али Ахмети си инкасираше солидна инвалидска пензија, поточно околу 3.000 франци месечно. ОНА – командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидкста служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија, пишува швајцарскиот дневен весник “Зонтагсблик” во бројот од 29 септември годинава.
“Мене ми е познато ова досие, но не сум во состојба да давам информации за конкретни случаи”, им изјавил на новинарите на “Блик” директорот на Швјцарскиот фонд за инвалидски пензии Карло Шмит.