Швајцарија ја подржува политичката, социјалната и економската транзиција на Македонија од 1992 година. Оваа долгорочна соработка доаѓа од швајцарската традиција на солидарност и одговорност и го одразува значењето кое Швајцарија го придава на стабилноста и развојот на Македонија и регионот. Швајцарија е одлучна да ги продлабочи односите со Македонија преку унапредување на дипломатските и развојните активности во државата.
Во последните 25 години, Швајцарската програма за соработка допринесе не само кон процесот на транзиција во Македонија, туку и кон развојот на цврсти и взаемно корисни односи помеѓу швајцарски и македонски институции, компании и граѓански организации. Швајцарија ја призна Република Македонија на 12 мај 1993 година и во билатералните односи го користи уставното име на Република Македонија. Од 2014 година, Швајцарската програма за соработка е клучната активност во Швајцарската амбасада во Република Македонија. Високо посветен тим редовно ја координира поддршката која Швајцарија ја имплементира преку Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Државниот секретаријат за економски прашања (SECO) во областите на демократско владеење, вработување и економски развој, инфраструктура и животна средина.
Денес Швајцарија е еден од најголемите билатерални партнери на Македонија и со новата Швајцарска стратегија за соработка 2017 – 2020 се предвидени финансиски обврски во висина од 76 милиони швајцарски франци. Општата цел на новата стратегија е да ја подржи Македонија во нејзините реформи да ги постигне Европските стандарди и вредности и да продолжи со социјално инклузивната демократија и пазарна економија, воедно обезбедувајќи ефикасно управување со природните ресурси. Стратегијата следи еден практичен пристап кој се фокусира на подобрување на условите за живот на граѓаните на Република Македонија. Деталите од стратегијата ќе бидат откриени на нејзиното официјалното претставување на 31ви мај 2017 во Скопје.
Билјана Филиповска, коосновач на првата кооператива на потрошувачи на органска храна – Наша Добра Земја
Фотографија: Љубомир Стефанов
Обука за млади во областа на ИКТ
Фотографија: Влатко Ристов / Seavus
Органски црвен грав произведен во Македонија, којшто се извезува во Швајцарија
Обука за спроведување на Форуми во заедниците, како инструмент за поттикнување на граѓаните за учество во развојот на локално ниво
Работилница за демократија и работата на Собранието наменета за студенти , организирана во Парламентарниот институт
Обука за пчеларство во Брегалничкиот регион, како дејност од којашто може да се оствари приход
Фотографија: Љубомир Стефанов
Ревитализација на екосистемите на Преспанското езеро
Фотографија: Љубомир Стефанов / УНДП