Што учел Латас кај Будимир лончар: дипломатски јавни,или, пак, тајни вештини!? “Ако је судити”, по книгата што ја објави: “КОС и УДБА” (“наша судба!”), тогаш лесно се стигнува до одговорот!
Будимир, или за пријателите Будо Лончар, беше извонреден дипломат. Ама, пред тоа, работеше во службите на врходниот командант – Јошка Броз, во ЈНА! А, и кога беше шеф на југословенската јавна дипломатија, Лончар, остовремено беше и шеф на дипломатската тајна служба, како сојузен секретар за надворешни работи во СФР Југославије. Во Белград остана до крајот на мандатот на тогашниот сојузен премиер Анте Марковиќ, односно до 1991, кога си поднесе оставка и се врати во Загреб.
Учителот на Латас, имаше две функции, ама ниту оддалеку слични како моите, кога и јас бев, едно време, дел од владините одаи. Затоа што, јас не учев од Лончар, туку од Мирко Миронски, Михајло Шарановиќ, од Слободан Чашуле, зашто да не – и од Ристо Попоски, само не од тогашниот колега Мартин Тренески, кого Шарановиќ (негова лична изјава) “го испрати во Австралија како Македонец,а не како новинар!?”.
Нејсе, за моето “шефување”, кај шефицата од кабинетот на Црвенкоски.Бев директор на Агенцијата за информации, како државен орган, но еден период (неформално) и шеф на Канцеларијата за јавност во Владата. Од таа позиција, преедложив да не играме повеќе криенки со коалицискиот партнер Али Ахмети (владата на “Guns’ n Roses!”), туку да изелеземе машки, во јавноста. За ужас на шефицата (“сме го носеле во устата на лавот!?”), предложив, тоа да биде Дебар и посетата ја реализирав – од идеја, до последната содржина – ручекот среде шума, на брегот на езерото!Секако, дека сите се вративме во Скопје, без влакно да ни фали!
Зошто оваа моја “фалба”. За да “не го нишаме возот”, кој стои во место, колку да создадеме перцепција дека се движи!? Тоа беше, е и, ако брзо не се реформира ДПМНЕ, ќе остане основниот принцип на делување: не е важно, што прават, туку Латас што наклапа!? Не е важно што зад Никола Груевски, стои еден Владимир Голубоски, или неговиот сограганин, правољубивиот министер Ѓорѓи Наумов. Нели и двајцата “им ги скратуваа ноктите на орлите”, тоест клетите “Шиптари”!?
Ќе речете, ама и ти сега си нашол да го “факторизираш” еден Латас, докторантот и професорот кај заставникот на Југо-армијата, Бојо!?Но, не е така. Латас е, по моето сфаќање на професијата ништожен, но нему груевизмот му овозможи да го латасивизира македонскиот медиумски простор!Деконтаминацијата, дегруевизацијата, девмроизацијата (извини Тричко!), треба да одат паралено и затоа треба да се разветрат сите ТВ прозорчиња. Знам, ова што јас го пишувам ќе допре до неколку илјади читатели. Она што Латас го ломоти, за наша несреќа, допира до стотици илјади гледачи! Латас тргнува од “теоријата за чавките”, кои “сите белци ги гледаат како црнци, а црнците како белци!”. За латас, реалноста е илузија на перцепцијата. Ако ја промениш перцепцијата, ќе ја промениши реалноста.
Целиот текст прочитајте го тука